HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКание Вест боледува од психоза?

Кание Вест боледува од психоза?

vest-f1

Неодамна медиумите ја пренесоа веста дека раперот Кание Вест доброволно посетил болница поради тоа што почувствувал стрес и исцрпеност. Меѓутоа, се шпекулира дека тој бил врзан со лисици и присилно бил хоспитализиран. Моментално музичарот се наоѓа на проверка на психичката состојба во медицинскиот центар „Ју-Си-Ел-Е“, но бил „стабилен“ кога бил однесен на проверка.

Како што пренесуваат американските медиуми, личниот доктор на Кание Вест, Мајкл Фарзам, наводно телефонски ги повикал надлежните од одделението за итни случаеви и им соопштил дека раперот боледува од привремена психоза поради недостаток на сон и дехидратација.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com