HomeДЕНЕШНАСветКандидат за претседател на САД не знае ниту еден странски лидер

Кандидат за претседател на САД не знае ниту еден странски лидер

Либертарианскиот кандидат за претседател на САД Гери Џонсон повторно направи гаф бидејќи не успеа да каже име на ниту еден светски лидер кој го почитува. Кандидатот на третата партија на претседателските избори во средата на телевизија го спомена поранешниот мексикански лидер, но не успеа да се сети на неговото име. „Веројатно имам Алеп, момент“, истакна Џонсон, алудирајќи на својата изјава од почетокот на септември дека не знае што е Алеп, град кој се наоѓа на средиштето на жестоките битки во Сирија.

Џонсон за телевизијата MSNBC нешто порано овој месец беше запрашан што би направил во врска со Алеп а тој се запраша: „А што е тоа Алеп“? На што водителот помисли дека тој се шегува со него. Кандидатурата на Џонс привлече големо внимание кај двете најголеми партии кои не се задоволни од своите кандидати- Доналд Трамп и Хилари Клинтон, пренесува агенцијата АП и додава дека и покрај тоа многумина од бирачите во САД незнаат кој е Џонсон.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com