Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКанаѓанките сакаат да шетаат топлес-бараат промена на законите

Канаѓанките сакаат да шетаат топлес-бараат промена на законите

Во канадската држава Онтарио во Ватерло се одржа протест преку кој  неколку стотици жени  бараат промена на законите за да можат слободно да шетаат топлес по улиците.

Иницијативата е од три сестри кои неодамна  биле запрени од страна на полицијата додека на велосипед возеле без маици.Полицајците им наредиле да се облечат поради непристојност. Сестрите Тамира, Наџа и Алиша Мохамед се возеле во центарот на градот Киченер, западно од Торонто.

Алиша, инаку позната канадска пејачка која настапува под името Алиша Брила, поднела тужба против регионалната полиција.

Случајот потоа се распали по социјалните мрежи, а сестрите Мохамед повикаа на „митинг за поддршка на правото жените да шетаат со голи гради“.

Учесничките на протестот „Голи со нас“ дефилирале топлес низ центарот на градот носејќи транспаренти на кои пишувало „Тоа се дојки, а не бомби, опуштете се“ и „Голотијата нема врска со сексот“.

Сличен инцидент се случил пред неколку недели на градскиот базен во Гелф каде еден од вработените прекорил осумгодишно девојче бидејќи не носело горен ден од костимот за капење.