Thursday, Jun 22, 2017
HomeАЈНШТАЈНИЈАКанадски истражувачи го оставија светот без зборови – откриваат загрижувачко предвидување

Канадски истражувачи го оставија светот без зборови – откриваат загрижувачко предвидување

smak-sveta-1000x500

Претставници на канадската истражувачка компанија BCA Research открија загрижувачко предвидување според кое човештвото ги одбројува последните векови од своето постоење на Земјата.

Веројатноста за уништување на човештвото до 2290-та година изнесува 50 %, а до 2710-та година дури 95 проценти. Луѓето можат да се спасат, најпрвин со колонизација на друга планета или изградба на големи орбитални станици – стои во извештајот на BCA Research.

Авторите на истражувањето тврдат дека човештвото се приближува кон критична точка, која што може да се надмине со ненадејното зголемување на човечкиот интелект со помош на генетската технологија. Притоа, веројатноста за крајот на светот наскоро исто така се зголемува.

Според мислењето на претставниците на BCA Research, шансата за пропаст на човештвото до 3000-та година изнесува од 50 до 95 проценти. Според нив, веројатноста за апокалипса сега е многу поголема во однос на претходните векови.

Канаѓаните сметаат дека од тие причини, најголемите инвеститори ќе престанат да се фокусираат само на правење пари и ќе започнат да вложуваат во ризични проекти кои потенцијално ќе можат да го продолжат животот на нашата планета.

Познатиот физичар Стивен Хокинг е сигурен дека човештвото може да преживее само доколку пронајде начин да ги колонизира другите планети. Овој научник смета дека во следните 100 години луѓето ќе ја населат Месечината.