HomeДЕНЕШНАЕкономијаКанада: Прв пат по финансиската криза државата западна во рецесија

Канада: Прв пат по финансиската криза државата западна во рецесија

Канада и официјално западна во рецесија. Економијата во вториот квартал од годината се движи во надолна линија – по падот од 0,8% сега се намали за уште 0,5.

Изборите кои се најавени за 19. октомври со сигурност е дека ќе бидат под влијание од сегашната економска состојба, иако економистите се оптимистички настроени и веруваат дека во третиот квартал економијата ќе започне да заздравува.

Иако Канада е петтиот најголем производител на нафта во светот, обвинувањата за падот на БДП се насочуваат кон ниските цени на нафтата. Ова е втора рецесија за државата во последните 7 години и таа е единствената земја членка на големата седумка која во моментот бележи пад на бруто домашниот производ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com