Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКанада ја модификува националната химна

Канада ја модификува националната химна

Канадски пратеници го усвоија предлог-законот со кој се модификуваат зборовите на националната химна со цел од неа да се елиминираат сите родови разлики.

Присутна само во англиската верзија на „О Канада“, стихот „вистинска љубов на татковината ги анимира сите твои синови“ ќе биде заменета со „вистинска љубов на татковината не анимира сите нас“.

Предлог – законот мора да остане на разгледување во Сенатот кој обично ги одобрува сите текстови усвоени од страна на Долниот дом, јави Фена.

– Јас мислам дека овој симбол е многу важен за нашата примена за родова еднаквост во оваа земја, е коментарот пред гласањето на Пети Хајду, министерка за женски прашања.

Од изборот во октомври, премиерот Џастин Трудо одлучи дека родовата еднаквост ќе биде една од нивните приоритети. Неговата влада од 30 членови е стриктно паритетна.