Tuesday, Sep 26, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаКампања Step up – да се зголеми поддршката за жените и деца жртви на насилство

Кампања Step up – да се зголеми поддршката за жените и деца жртви на насилство

semejno nasilstvo

Европската мрежа Жени против насилство WAVE и партнерските организации започнуваат со кампањата Step up! за правото на жените жртви на насилство и нивните деца за пристап до сервиси за поддршка и заштита.

„Во многу земји во Европа не се вложува доволно во специјализирани сервиси за поддршка и, како последица на тоа, жените немаат каде да се обратат за сoодветна помош. Ги повикуваме институциите на ЕУ, националните влади и останатите чинители да ги засилат напорите за спречување на насилството врз жените!“ вели Роза Логар, Претседателка на WAVE.

Денес, Европската мрежа Жени против насилство (WAVE), чија членка е и Националниот совет за родова рамноправност, започнува европска кампања која ќе се одвива во текот на следните две години. Членките на WAVE ќе се залагаат за унапредување на правата на жените жртви на насилство и нивните деца за пристап до сервиси за поддршка и заштита.

Насилството врз жените е најраспространета форма на кршење на човековите права и многу често има фатални последици. Општествените норми, предрасудите и стереотипите се дел од причините за големиот број непријавени случаи на родово засновано насилство. Во многу општества ова насилство се осудува, но во исто време и молчешкум се толерира. Но оваа појава влијае на сите нас, на целото општество. Потребни се сервиси за поддршка за зајакнување на жените и искоренување на оваа појава. Затоа, од владите и чинителите во цела Европа бараме да се вложува повеќе во специјализирани сервиси кои работат од перспектива на човекови права и кои ќе влијаат за општествена промена.

За многу жени пристапот до специјализирани сервиси за поддршка е попречен, вклучувајќи жени-мигрантки, жени од етничките малцинства, постари жени и припаднички на ЛГБТИ заедницата.