Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионКампања „Стоп за петардите“ во Нови Сад

Кампања „Стоп за петардите“ во Нови Сад

Градскиот плоштад Слобода во Нови Сад утре ќе биде збирно место на граѓанската група „Две минути тишина“ која најави протест против фрлањето петарди. Причина за ваквото собирање е смртта на улично куче кое починало од внатрешно крварење поради петарда ставена во неговата уста.


„Поради ваквите ситуации, како и повреда и ампутација на прсти кај децата, бараме да се забрани продажбата и користењето на петарди. Мораме да продолжиме бидејќи следуваат уште два празника на кои ќе се пукаат. Мораме да продолжиме како за нас и за нашите деца, така и за домашните миленици, но и за природата“, посочуваат организаторите на протестот.


Апелот за да не се користат петарди за време на празниците и понатаму продолжува. Протестот ќе се одржи утре во 14.45 часот и кампањата ќе трае до 15 јануари.