Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаКамник со првото пенливо вино – Спарк идеално за прослави

Камник со првото пенливо вино – Спарк идеално за прослави

Винаријата Камник се пофали со интересен новитет на пазарот, а тоа е нивното прво пенливо вино наречен „Спарк“ со кое се надеваат дека ќе бидат присутни на сите свечености, прослави и убави моменти на купувачите.Spark 2010Од винаријата Камник велат дека Спарк ја дополнува нивната палета на производи како вино кое додава свеченост во секоја прослава на животот. Сјајните меурчиња во чашата ги дополнуваат среќата и задоволството кога ги славиме за нас најзначајните радости и успеси со блиските, но и кога ги уживаме наједноставните мигови во денот.

Спарк е пенливо бело вино кое е добиено 100% од сортата Шардоне, од сопствените насади на винаријата Камник. Виното се одликува со нежна сламеста боја и комплексност која се открива во раскошот на нежните меурчиња. Станува збор за брут, суво пенливо вино,  добиен со традиционален метод на четиригодишно созревање во шише со што се создава моќно и созреано буке со путерна арома и впечатливи овошно-зачински ноти.

Вкусот е елегантен и кремаст, со бисквитни тонови,  совршено избалансиран со овошни ноти и минерални поттонови надополнети со цитрусна свежина. Спарк може да го уживате како аперитив но и во комбинација со свежо овошје. Температурата на која се препорачува да се послужува е 6-9°C. „Пенливецот“ Спарк е достапен во винските продавници Камник Вино, Библиотека 1, како и во дел од рестораните во Скопје.