Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаКамник е првиот македонски бизнис со виртуелни прошетки на Google St

Камник е првиот македонски бизнис со виртуелни прошетки на Google St

Винаријата Камник e прва во Македонија која се вклучи во сервисот на Google Street View – Business View. За целосен приказ на понудата во Камник се снимаше панорама од 360 степени за виртуелна прошетка на секој посетител на Google Business View, со што го постави примерот и за останатите бизниси во Македонија.

Kamnik - Google Street View 1

Иновацијата е еден од важните аспекти во создавањето на вината Камник. Свесни за моќта и влијанието со кои иновацијата го обликува нашиот свет, навистина ни е задоволство што сме првата компанија на македонскиот пазар која се вклучува во Google Street View – Business View сервисот. Произведуваме вина со премиум квалитет, нудиме вински дегустации во ултра-модерниот амбиент на просторијата за дегустации во нашата винарија, а сега имаме и можност на љубителите на вино од било кој дел на светот да им ги претставиме винаријата и лозјата на еден динамичен начин со виртуелна прошетка, и да им овозможиме да ја почувствуваат енергијата со која го обликуваме брендот Камник вина”, изјавија од Винарија Камник.

Македонските компании кои ќе сакаат да бидат дел од Google Business View ќе треба да ги користат услугите на агенцијата Thunder Box која е партнер на Google за Балканот.

Kamnik - Google Street View 2

Да се биде прва и најискусна агенција – партнер на Google за Балканот, ни овозможува да го развиваме овој сервис, да снимаме, да сликаме и да ги подобруваме перформансите на стотици најразлични типови на бизниси. По нашето извонредно богато искуство во Бугарија, сега сме во можност и во полна кондиција да го завртиме нашето внимание на остатокот од Балканот, започнувајќи токму со Македонија”, изјави Сајмон Фик, Генерален менаџер на Thunder Box. „Возбудени сме од можностите тука и со задоволство гледаме на брзиот развој на Македонија како туристичка дестинација, потоа од потенцијалите од маркетиншки аспект и генерално, од можностите за подигнување на профилот на сите бизниси и компании со кои што работиме и ќе соработуваме, без оглед на тоа за кој сектор или индустрија станува збор”, потенцира Фик.

Со Google Business View голем број на компании и бизниси добиваат меѓународна интернет изложеност и со нивните иновации, креативност и понуда може да ги привлечат домашните и странските потрошувачи.