Thursday, Mar 30, 2017
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаКамерниот оркестар на ,,Mузичката Младина на Македонија" вечерва на ,,Охридско лето"

Камерниот оркестар на ,,Mузичката Младина на Македонија" вечерва на ,,Охридско лето"

Во рамките на 55 то  издание на ,,Охридско лето” вечерва во катедралната црква ,,Света Софија”  со почеток во 21 часот концерт ќе одржи Музичката Младина на Македонија, под диригентската палка на Елена Митревска.

На програмата се дела  на Едуард Толдра, Јоханес Брамс, Бела Барток и Петар Илич Чајковски.

Музичката младина на Македонија е национална невладина организација која работи преку, со и за млади луѓе, развивајќи ја нивната креативност и поддржувајќи го нивното почетно јавно претставување на полето на музичката уметност. МММ се стреми да ја охрабри и да ја насочи потребата за директна комуникација помеѓу младите и аудиториумот како со музиката, така и со другите културни вредности. Цели 50 години Музичката младина на Македонија остварува голем циклус разновидни активности поврзани со дејноста на Камерниот оркестар– единствениот од ваков вид во Југоисточна Европа. Камерниот оркестар на МММ е добитник на бројни награди и признанија.

Концертот се организира по повод одбележувањето на македонското претседавање со Централно европската иницијатива (ЦЕИ).