Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКамческа-Милевска по распитот: Во СЈО дојдов како сведок

Камческа-Милевска по распитот: Во СЈО дојдов како сведок

Министерката за култура, Елизабета Камческа Милевска, денеска била повикана во СЈО во својство на сведок, потврди таа по распитот. Министерката се заблагодари што СЈО и дало можност да го потврди и истакне законското работење на Министерството за култура. Не даде повеќе детали со образложение дека не е овластена да коментира поради тајноста на истрагата.

Министерката за култура е втора личност која утрово се појави во ова Обвинителство. Претходно, во СЈО беше и бизнисменот Орце Камчев. Ниту за двајцата не е познато за кој предмет даваат исказ во Обвинителството.