Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКамбовски: Доста беше од неодговорна власт, од поданички менталитет и повикување на народот

Камбовски: Доста беше од неодговорна власт, од поданички менталитет и повикување на народот

На одбележувањето на 114 годишнината од смртта на револуционерот Гоце Делчев во Македонската академија на науките и уметностите не одминаа политичките пораки.

Акедемик Владо Камбовски ги осуди крвавите насилства во Собранието и очекува казна за сторителите. Камбовски вели – мора да се почитува Уставот и законите.

-Еве, по толку време пак стоиме пред него како пред заветна икона, пред која треба да се полага сметка за тешката злокоба што се наднесува над сите.Залудна ли беше неговата погубија за највискоите народни идеали, погибијата на илјадници борци за слободата на Македонија. Таа злокоба е срамот кој што паѓа врз оние што го организирале, поттикнувале, извршиле, помагале или го прикриваат тешкиот, беспримерен, за целиот свет вџашувчки насилен напад врз идеалот на демократијата во секое цивилизирано општество, олицетвоен во Собранието на слободна Македонија. Држава со статус на кандидат за членка на ЕУ. Мултиклутурно општетсво што се подготвува да се приклучи евроатланските интеграции и да ги урне еднаш засекогаш врз човечки крв и коски изградените граници на Балканот.

На тие што со такви злодела го повредуваат достоинството на секој наш граѓанин, националната гордост, мирот и надежта во подбра иднина, убеден сум дека ќе им се суди праведно, според тежината на тоа што го смислиле, сториле или пропуштиле да го спречат.

Но уште потешко паѓа сознанието дека тоа се случува и поради нашата НЕБУДНОСТ кон привидната популистичка идеологизација на историјата и сегашноста замаскирана зад масовна манипулција со непостоечки достигнување и кон срозувањето на правдата, хуманоста, човековите слободи и права и нивната еднаквост под секое толерантно рамниште – рече во својот говор академик Камбовски.