Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаКалифорнија ја престигна Франција како шеста економија во светот

Калифорнија ја престигна Франција како шеста економија во светот

Калифорнија ја престигна Франција како шеста најголема економија во светот, благодарение на силниот економски раст и јакнење на американскиот долар спрема други валути, се вели со официјални податоци.

Најнаселената американска сојузна држава со БДП од 2.500 милијарди долари ја претекна Франција и Бразил кој е погоден од рецесија, наведуваат американски медиуми.

– Тоа е резултат како на добриот економски раст на Калифорнија така и на движењето на курсот на американскиот долар спрема други валути, изјави Ирена Асмундсон, главен економист во Министерството за финансии на Калифорнија.

Економијата на Калифорнија лани е зголемена за 4,1 отсто во споредба со целокупниот раст на САД од 2,4 отсто и 1,1 отсто во Франција.

Според графиконот на калифорниското Министерство, САД се најголема светска економија, на второ место е Кина и на трето – Јапонија. Четврта е Германија, петта Велика Британија.

Во Калифорнија лани беа отворени најголем број работни места во САД. Седиштето на четири од десет најголеми американски компании се во Калифорнија меѓу кои Алфабет и Фејсбук. Гувернерот на Калифорнија Џери Браун (78) ја води таа американска држава низ економско опоравување од 2011 година кога ја презеде функцијата. Успеа да избегне фискална криза и констатен дефицит и да бележи буџетски суфицити