Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКалајџиев: Организиран напад врз Собрание значи велепредавство и тероризам

Калајџиев: Организиран напад врз Собрание значи велепредавство и тероризам

Професорот Гордан Калајџиев од Правниот факултет во гостувањето на емисијата 360 степени на Алсат М оценува дека кривичните дела извршени со насилствата во Собранието на Република Македонија се многу потешки од учество во толпа како што досега ги квалификува Основното јавно обвинителство.

– Ако се работи за организиран напад врз Собранието, квалификацијата на делата ќе биде поинаква. Овие дела насислство, обид за телесна повреда, толпа… тоа се дела што се случуваат и на улица, и на фудбалски натпревар. Делата што со насилство ќе се сторат врз Собрание, и коишто имаат цел да се повика, да се смени власта, е веќе велепредавство. Со насилно менување на органите, односно Собранието, е велепредавство и тешко се казнува. Загрозувањето на поредокот што е намерно направено со акт на сила и присилба е предвидено исто како конкретно кривично дело, Терористичко загрозување на уставниот поредок – рече Калајџиев.