HomeДЕНЕШНАКакво време не очекува денеска?

Какво време не очекува денеска?

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Прво врнежите ќе започнат во северозападните делови од земјата, а во текот на денот ќе се прошируваат кон исток. Повеќе врнежи ќе има во ноќните часови кон понеделник, особено во југоисточните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 17 до 22 степена.

Во Скопје слично време, променливо облачно со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com