Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАКакво време не очекува денеска?

Какво време не очекува денеска?

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. Во претпладневните часови во јужните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната темпратура ќе се движи од 10 до 19, а максималната од 25 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи од 16 до 29 степени.

Инаку, вчера имаше слабо невреме во источниот дел од земјата. Најмногу дожд наврна во Маврово И Прилеп. Мерењата на УХМР покажуваат дека до 17 часот се наврнати 29 литри на метар квадратен, во Прилеп 25, Скопје 21, Претор во 19, Охрид 18, Ѓуриште 10, Тополчани 9, Лазарополе 7, Берово и Пожаране 4, Крива Паланка и Штип 3 и Тетово и Битола 1 литар на метар квадратен.