HomeГИГА БАЈТСмартфонКаква симобилика се крие зад поимот Bluetooth

Каква симобилика се крие зад поимот Bluetooth

Bluetooth стандардот за пренос на податоци е еден од најкористените во модерната електронска комуникација, но самиот термин малкумина знаат како настанал.

Според официјалните податоци на шведската комуникациска компанија Ericsson името го добива според прекарот на викиншкиот крал Харалд Гормсон кој имал прекар „Син заб“ затоа што еден од неговите заби бил потемен и наликувал како да е со сина боја.

Тој во историјата останал запомнат како прв владетел кој ја промовирал комуникацијата меѓу двете територии под негова управа, раздвоени со Северното Море. За поврзаноста на кралот Харалд со опцијата Bluetooth доказ е и нејзиниот симбол, кој претставува спој на две руни од неговите иницијали, кои биле многу популарни во северна Европа во тој период.

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com