Tuesday, Apr 23, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноКаква приказна се крие зад дупчињата во швајцарските сирења?

Каква приказна се крие зад дупчињата во швајцарските сирења?

Институтот за наука и прехрамбени производи Агроскоп, слободно може да каже дека ја одгатна мистеријата за појавувањето на дупки во некои од швајцарските сирења.

После цел еден век поминат во истражување, дојдено е до заклучок дека самите дупки се предизвикани од мали честици на сламата која паѓа во млекото при молзењето на кравата. Во текот на ферментацијата, честиците испуштаат гас кој формира дупка во сирењето.

Причината поради која во последен период таквите дупки од сирењата исчезнуваат се должи на фактот што традиционалното молзење е заменето со механички, похигиенски техники на современи фарми.