HomeАНТИСТРЕСХороскопКаков викенд ве очекува? Еве што вели хороскопот

Каков викенд ве очекува? Еве што вели хороскопот

Овен
Најдобро решение за уште подобар викенд, би ви било проблемите да ги оставите на страна и максимално да се релаксирајте. Игнорирајте ги сите оние кои ви одат на нерви и бидете насмеани во текот на целиот викенд.

Бик
Не очајувајте доколку ви се случи мала караница со партнерот. Со добар и мирен разговор може сѐ да се реши. За оние кои не се во врска, во сабота навечер, бидете подготвени за еден повик од некоја личност која ви се допаѓа.

Близнаци
Вашето расположение ќе биде на ниво овие два дена. Останете така позитивни во текот на целиот викенд и посветете еден ден само на партнерот. Потрудете се да ја зачините вашата врска со некоја мала промена.

Рак
Ова е идеален викенд за креативни подвизи. Искористете го вашето слободно време за да уживате со самите себе. Кон крајот на викендот, ве очекува излив на емоции, па немојте да донесувате важни одлуки за после да не се каете.

Лав

Ве очекува викенд полн со изненадувања на љубовен план. Доколку сте сингл, имате можност да запознаете некоја нова, интересна личност. Доколку пак, сте во врска, веројатно вашиот однос ќе достигне некое повисоко ниво. Што се однесува на пријателските односи, водете сметка колку се вашите пријатели искрени кон вас.

Девица
Вашиот шарм и вашата ведрина овој викенд ќе бидат на врвот. Ќе бидете многу атрактивни и немојте да се изненасите доколку и непознати ви подаруваат внимание. Романтични филмови се вистинскиот избор за недела навечер.

Вага
Доколку за нешто долго време се трудите да го добиете, викендов време е да се опуштите од тоа, бидејќи конечно дојде време вашите желби да се остварат. Поради тоа, прославете со пратнерот и посветете му повеќе време. Покажете ја романтиката во вас.

Скорпија
Дефинитивно ова се деновите кои ќе сакате да ги преспиете. Бројните напнати ситуации само дополнително ќе ви го уништат викендот, а ни вашиот партнер нема да се потруди да ве расположи. Вечерва легнете си порано, утре е нов ден.

Стрелец
Наместо да бидете слабаци, ризикувајте па и доколку не го добиете тоа што го посакувате, не е крајот на светот. Имајте малку повеќе храброст. Учете на грешките од минатото, но не само на своите туку и на туѓите. Внимавајте на здравјето, можни се болки во главата.

Јарец
Во недела, очекувајте повик од некој пријател кој ќе има потреба од вас. Искористете го талентот на добар советувач и кажете му некој совет со кој ќе може да го реши проблемот. Потрудете се да имате поквалитетен сон.

Водолија
Зарем има нешто подобро од релаксирачкото кафе со пријателите? Не мислете се многу, закажете средба и забавувајте се во нивното присуство. Можна е мала караница со партнерот, но со добар разговор сѐ може да се реши.

Риби
Овој викенд е одличен ден за некоја промена во вашиот дом. Искористете ја вашата креативност и бојадисајте ги ѕидовите во некоја светла боја или пак направете преместување на мебелот. Саботата искористете ја за зближување со партнерот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com