HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКаков удар за Реал Мадрид, еден од најдобрите поединци заработи тешка повреда

Каков удар за Реал Мадрид, еден од најдобрите поединци заработи тешка повреда

534528_640

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид потврди дека Тони Крос ќе мора на подолга пауза поради кршење на коска. Во соопштението на клубот стои дека Германецот доживеал фрактура на метатрзалната коска, која е една од најнезгодните за фудбалери. Хамес Родригез поради слична повреда отсуствуваше два месеци од терените, а Марсело дури три, па така се уште не е познато како ќе се одвива рехабилитацијата кај Тони Крос.

Според првичните и оптимистички најави на мадридските медиуми, Крос во најдобар случај ќе се најде на терените за месец и половина, што значи дека сигурно енам да го видиме на теренот до крајот на оваа календарска година. Паузата во Шпанија е од 21 декември до 7 јануари, па така Крос во најдобар случај ќе биде на располагање после зимската пауза.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com