Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаКаков трансфер на Барселона, пари и фудбалер за да донесе кошаркар!

Каков трансфер на Барселона, пари и фудбалер за да донесе кошаркар!

Сите сме свесни дека клуб од калибарот на Барселона е силен во бројни различни спортови, а тоа им овозможува на каталонците полесно да привлекуваат врвни засилувања. Најнов пример за тоа е трансферот на Адам Ханга, крилниот кошаркар на Лаборал Куча кој ќе ја засили Барселона како замена за Алекс Абринес, кој замина во НБА-лигата.

Ханга е одличен играч и неговата преселба во Барселона не е изненадување, но интересен е начинот на кој каталонскиот гигант го убедил првиот човек на Лаборал, Жозеан Керехет, да го одобри овој трансфер. Имено, Керехет воедно е и сопственик на фудбалскиот клуб Алавес, а Барса покрај паричната отштета што ќе ја плати, ќе испрати и најмалку еден свој фудбалер во оваа екипа.

Баскијците очигледно добро ќе заработат од продажбата на Ханга, од која придобивка ќе има и фудбалскиот клуб Алавеш, за кој не се исклучува можноста да ја продлабочи соработката со Барселона и да доведе на позајмица уште неколку играчи од младинските категории на каталонците.