HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКаков трансфер би бил ова, Јуве го повикува Де Роси!

Каков трансфер би бил ова, Јуве го повикува Де Роси!

486344_640

Дали можете да замислите уште еден ваков случај во Италија? Дефинитивно, во некоја рака ова би било и поголем транафер од преминувањето на Игуаин од редовите на Наполи во Јувентус! Како ексклузивна веста ја пренесуваат италијанските медиуми, кои денес пишуваат дека италијанскиот шампион Јувентус се распрашува за услугите на ветеранот на Рома Даниеле Де Роси.

Наводно, Јувентус е подготвен да му понуди едногодишен договор на Де Роси со можност за продолжување на уште една сезона за 6.5 милиони евра. Сепак, Де Роси му порачал на својот агент дека не прифаќа никакви преговори, бидејќи доколку не го продолжи договорот со Рома ќе замине во МЛС лигата. Договорот на Де Роси му истекува следното лето и тој уште оваа зима ќе биде слободен да постигне договор со својот следен клуб.

За потсетување, Јувентус уште во претходните неколку сезони ги користење овие ситуации и без пари доведуваше искусни фудбалери во своите редови. Како слободни агенти, после истекувањето на договорите со својот клуб во Јуве во последните неколку сезони пристигнаа Пирло, Кедира, Евра, Љоренте и Дани Алвеш па останува да видиме каква ќе биде разврската во овој случај.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com