Sunday, Mar 26, 2017
HomeДЕНЕШНАСветКаков родител ќе биде Закерберг на Facebook

Каков родител ќе биде Закерберг на Facebook

Марк Закерберг на неговата страница на Facebook објави дека по неколку неуспешни бремености, неговата сопруга Присила Чен конечно го задржала плодот и наскоро ќе роди девојче. Facebook денес е премногу присутен кај младите родители кои на секои десет минути објавуваат по некоја слика од своите деца и пишуваат еден куп статуси поврзани со секој чекор.

facebook-parents

Токму затоа јавноста ќе го следи родителскиот пар Закерберг како „најодговорен“ за новата фама која е присутна на социјалните мрежи. Закерберг пак, во неколку наврати изјави дека ги разбира новите трендови, но порачува родителите да не посегнуваат само кон забрана на социјалните мрежи за своите деца и да ги ограничуваат, туку заедно да разговараат за што и како да ги користат.

Исто така Закерберг беше дециден дека неговата ќерка нема да добие профил на Facebook се додека не наполни 13 години кога ќе ја исполни старосната граница.

Извор: telefoni.mk