Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКаков Погба, Перез подготви вистинска „бомба“ за навивачите на Реал!

Каков Погба, Перез подготви вистинска „бомба“ за навивачите на Реал!

Реал Мадрид по секоја цена ќе се обиде да доведе едно големо засилување ова лето. Реал во овој трансфер период ги врати Алваро Мората и Фабио Коентрао, но на навивачите на „кралскиот клуб“, ниту на Флорентино Перез, тоа не им е доволно. Секое лето, во Мадрид се случува барем по една трансфер „бомба“, а после неколку неуспешни обиди, Перез најдоброто го чуваше за крај- ќе се обиде да го доведе Марко Верати од Парис Сен Жермен.

Одамна е познато дека одличниот Италијанец е желба на Мадриѓаните, но Верати има договор со клубот од Париз како и клучна улога во играта на овој тим. Барселона и Реал во неколку наврати се обидуваа да дојдат до неговиот потпис, но Верати ги одбиваше тие понуди. Сега, Реал Мадрид подготвува сериозен напад, бидејќи речиси сигурно ќе остане без Пол Погба, а Барселона го украде Андре Гомеш и Канте замина во Челси.

Перез е подготвен да испрати понуда со висина од 50 милиони евра, но може и да ја покачи доколку има потреба за такво нешто. Реал на средината на теренот го има стандардното трио Каземиро-Модриќ-Крос како и незадоволните Хамес Родригез и Иско кои нема лесно да ја прифатат улогата на резервни фудбалери.

Нема сомнение, крајот на преодниот рок ќе биде доста возбудлив на „Сантијаго Бернабеу“. Првиот месец од трансфер периодот поминува тивко, а ќе видиме што не очекува во август.

verati