Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионКако во мафијашки филм застрелан сопственик на кафуле во Белград

Како во мафијашки филм застрелан сопственик на кафуле во Белград

Сред бел ден во Белград е застрелан Александар Стаменковиќ, сопственик на кафулето „Пјаца дел Кафе“. Тој бил бркан од напаѓачите кои биле на мотор и откако го паркирал автомобилот во обид да се засолни тие во него истрелале десетина куршуми на локација каде имало премногу случајни минувачи.

Полицијата се сомнева дека Стаменковиќ бил вмешан во трговијата со дрога, а неговото кафуле само служело како параван за криминалното подземје. Точните мотиви за ликвидацијата како и извршителите засега се непознати, но се одвива интезивна истрага.