HomeАНТИСТРЕСШтосноКако сите жители на едно шпанско село преку ноќ станаа милионери

Како сите жители на едно шпанско село преку ноќ станаа милионери

serezales

Вкупно 80 жителите на едно мало шпанско село Церезалес дел Кондадо преку ноќ станале милионери и тоа само благодарение што нивен сожител е шпанскиот милјардер Антонино Фернандез, сопственик на компанијата што го произведува пивото Корона. Фернандез во 1949 година емигрирал во Мексико, кога имал 32 години и станал еден од главните директори на компанијата Групо Модело, која го произведува Корона.

Тој почина во август годинава на 99 годишна возраст, а до тогаш беше милијардер, па во својот тестамент на жителите на Церезалес им оставил вкупно 169 милиони фунти или по 2 милиони фунти за секој жител. Фернандез е роден во сиромашно семејство со 13 деца, и на 14 годишна возраст морал да го прекине школувањето, бидејќи неговите родители не можеле да си го дозволат тоа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com