Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКако што најави – Заев не се појави на суд

Како што најави – Заев не се појави на суд

Зоран Заев денеска не се јави во струмичкиот суд за случајот „Пуч“, по што оттаму испратиле писмена информација до Основен суд 1 Скопје. Постапката предвидува известувањето потоа да се достави до надлежен судија или судски совет кој ќе го разгледа известувањето и ќе одлучи дали Зоран Заев ќе биде приведен или ќе му се даде нова можност да се јави во суд.

Претседателот на СДСМ, неодамна на прес конференција изјави дека веќе нема да се јавува во судот и да доаѓа на закажаните рочишта, бидејќи не го признава правосудството. Исто така, порача дека тој не се крие и може да го најдат во секое време или во седиштето на партијата или во Кампот на слободата пред Владата.

Според неговиот адвокат, Филип Медарски, судот по автоматизам не одредува мерка притвор, туку мора прво да оцени дали се исполнети општите услови за обезбедување во конкретниот случај. Тој вели не може да го притворат Заев ако судот не оцени дека постои опасност да се крие или да бега. Судот би можел да примени и други мерки, од типот на задолжително приведување на рочиште или евентуално прво да му упати покана, па потоа ако не се појави, да побара од полицијата да го приведе.