Tuesday, Apr 23, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноКако се добива ѕвезда на Булеварот на славните?

Како се добива ѕвезда на Булеварот на славните?

Можеби се прашувате, како Адам Левин доби своја ѕвезда на Булеварот на славните, a Дензел Вашингтон, Џулија Робертс или Џорџ Клуни немат своја ѕвезда. Се покажа дека постапката за доделување на ѕвезди на Булеварот на славните е малку поинаква отколку што замислувавме.

Секоја година “Hollywood Chamber of Commerce“ предложува околу 20 луѓе кои би можеле да ја добијат славната ѕвезда. Славна личност да добие ѕвезда, мора да има богати спонзори зад себе. И само кога ќе се утврди дека тие се доволно богати, кандидатурите можат да бидат прифатени. Потоа славната личност треба да потпише формулар во кој потврдува дека ќе присуствува на церемонијата на “Отворање на ѕвездата”. И факт е дека познати личности треба да бидат достапни за период од пет години за планирање на церемонијата.

Значи, кога ќе се избере лицето, тој мора сам да ги сноси трошоците на церемонијата. Самата ѕвезда и поставување чини 40 илјади долари. Звучи како прилично голема сума за едно парче од тротоарот. Дел од парите се користат за изградба на ѕвездите, а остатокот за одржување на тротоарот на славните.