Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаКако „Philip Morris International“ ја поддржува и помага борбата против нелегалната трговија со цигари

Како „Philip Morris International“ ја поддржува и помага борбата против нелегалната трговија со цигари

Philip Morris International лансира нова иницијатива којашто поттикнува вклучување на различни сектори во борбата против нелегалната трговија и сивата економија – PMI IMPACT. Компанијата објави повик за пријава на предлози и решенија кои по прифаќањето би се финансирале.

Предлозите може да бидат од приватниот, јавниот сектор или од невладините организации, вклучувајќи владини организации, интернационални организации, асоцијации, академски институции и компании. Последниот рок за изразување интерес е до 12-ти септември 2016 година.

Суштината на самата програма е потрага по идеи, ресурси и акции коишто ќе понудат апликативно и функционално решение. За таа цел формиран е совет составен од седум независни експерти, со големо искуство во полето на правото, борбата против корупцијата, како и спроведување на правото, кои ќе ги валоризираат програмите. Експертите ќе ги надгледуваат пристигнатите предлози и програми, со цел да се овозможи иновација во трите клучни области во борбата против шверцот и поврзаните криминали – истражување, образование и свесност и акција. PMI издвојува 100 милиони долари за финансирање на првите три етапи грантови.

Програмата PMI IMPACT се очекува значително да помогне и придонесе за спречувањето на шверцувањето со цигари и слични криминални активности. Нелегалната трговија е вкоренет феномен, што има взаемна зависност со поширок спектар на криминални активности. И покрај големиот напредок, сè уште постои значителна нелегална трговија со многу видови тутунски производи. Според проценките, вкупната пазарна вредност на нелегално тргуваните добра изнесува 650 милијарди американски долари, со активни црни пазари за безброј производи, од лекови, храна и тутун до оружје и диви животни. Најсвирепата нелегална трговија, трговијата со луѓе, е надвор од секаква финансиска проценка. За криминалците, често има поголем профит и помал ризик од шверцот на тутун отколку на пример, шверцот со нелегални супстанции.

Според член на Советот на PMI IMPACT и поранешен Јавен Обвинител за Американскиот департмент за правда Сузан Хајден, нелегалната трговија напредува делумно поради еден вид на здруженост меѓу криминалните мрежи кои работат со неказнивост и ги злоупотребуваат отворените граници, корумпираните власти, нееднаквите правни системи и недостатокот од лица кои ќе ја спроведуваат правдата. Токму затоа потребни се иновативни и креативни решенија од јавните и приватните ентитети, од различни сектори со цел да се опфатат сите проблеми создадени од глобалната нелегална трговија.

PMI IMPACT е една од неколкуте главни програми кои компанијата ги поддржува со цел да промовира одржливи бизнис практики и да посочи на комплексни општествени проблеми. Паралелно со тоа, PMI продолжува да го контролира сопствениот ланец на набавка и да ги поддржува меѓународните протоколи против нелегална трговија. Компанијата е исто така потписник на Одржливите цели за развој на Обединетите Нации.