HomeГИГА БАЈТСмартфонКако ќе изгледа новиот iPhone 8?

Како ќе изгледа новиот iPhone 8?

20305849480_3e0df638e0_b

На времето кога Apple во 2007 година го претстави првиот модел на својот мобилен телефон iPhone, светот “лудуваше” по телефоните на преклоп.

Сега, скоро една деценија подоцна, “Apple Insider” пренесува дека iPhone 8 ќе го врати овој дизајн во мода, бидејќи Apple штотуку го патентирал моделот на преклоп.

Патентот опфаќа телефон кој се преклопува, со OLED екран, каков што Apple сѐ уште немаат користено на телефоните, давајќи им предност на традиционалните LCD екрани.

Новата OLED верзија е поскапа, но нуди широка палета на бои и не бара позадинско осветлување.

“Apple Insider” не ја исклучува можноста дека Apple со овој патент само сакал да ги задржи правата за интелектуална сопственост за некои идни проекти, па не мора да значи дека со сигурност ќе го примени на новиот iPhone 8.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com