Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКако ќе изгледа Вест Хем следната сезона?

Како ќе изгледа Вест Хем следната сезона?

Седмото место во Премиер лигата ги воодушеви некои навивачи на Вест Хем, но некои сепак беа разочарани, бидејќи екипата на Славен Билиќ оваа сезона со својата игра често делуваше дека може да се бори и за позиција која води во Лигата на шампионите. Вест хем е подготвен да помине на „следно ниво“, а во тој прилог влегува и фактот дека се преселија на нов стадион со капацитет од 80 илјади места.

Амбициите се големи, а за да се исполнат дефинитвно ќе морат да се направат промени во играчкиот кадар. На мета се многу играчи. Вест Хем веќе испрати понуда на адреса на Лион за фантастичниот напаѓач Лаказет, го посакуваат и Нолито од Селта, а до сега пристигнаа Фегули и Нордвајт. Но, едно е сон а друго е реалност, во продолжение погледнете како Вест Хем би можел да изгледа следната сезона, или како би посакувале да изгледаат.

Вест Хем состав 1

Вест Хем состав 2

Вест Хем состав 3