Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноКако е да си милијардер од Кина

Како е да си милијардер од Кина

post cover photo

Гламурозни јахти, скапи автомобили, брендирана облека се само дел од „скромниот“ живот на кинеските милијардери. Многу од децата на богатите Кинези, одлучиле како место на живеење да им биде Ванкувер. Ова место стана популарно како резултат на веќе непостоечката програма за имигранти-инвеститори.

Белото Ламборџини е заштитен знак за девојките, додека момчињата автомобилите ги менуваат од месец за месец со нов и многу поскап автомобил од претходниот. Во склоп на ова постојат многу клубови за автомобили. Таков е оној на 27-годишниот Дејвид Даи, во кој за да учествувате треба да поседувате автомобил кој ќе биде поскап oд 100.000 канадски долари или 77.000 американски долари. Но, овие  деца имаат и некои „проблеми“, ако на пример некои од нив мораат скапиот автомобил да го делат со своите браќа и сестри. Улиците не се единствено место каде милијардерите може да го покажат своето богатство. Тука се и инстаграм профилите ако сакате да сте во чекор со раскошниот живот на милијардерите од Кина.