HomeДЕНЕШНАРепубликаКако до почист воздух – Доставен предлог план до град Скопје

Како до почист воздух – Доставен предлог план до град Скопје

vozduh

Повеќе невладини и стручни организации изработија Предлог план за управување со загадениот воздух и истиот беше презентиран и доставен до град Скопје.

img_20161107_111659

Македонија има најзагаден воздух во Европа, ова го потенцираше Светска банка во најновиот извештај за зелен раст на Македонија. Македонија е на петто место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух односно ПМ10 честичките. Според извештајот на Светска банка, цврстите честички се одговорни за 1.350 смртни случаи годишно, но и илјадници изгубени работни денови – што претставува економски трошок од 253 милиони евра годишно или 3,2% од БДП.

Суспендираните честички, попознати како ПМ10, се еден од најголемите загадувачи на воздухот во Скопје. Тие претставуваат мали честички со дијаметар од 10 микрони кои лесно навлегуваат во белите дробови и содржат метали и прашина од индустријата и патиштата, како и честички создадени при согорување. Според тоа, најчести извори на загадување се индустриските капацитети, моторните возила, градилиштата и користењето неквалитетни горива за затоплување на домаќинствата.

img_20161107_111631

Планот е изготвен во рамките на проектот „Заедно за чист воздух“ финансиран од Американската амбасада во Македонија, а за него допринесоа Центар за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, тинк-тенк „Аналитика“, Центар за климатски промени, ОРТ, Македонски зелен центар, Реактор и Александра Бујароска, еколошки правник.

Нивните претставници посочија дека потребно е да се зголеми алтернативниот начин на превоз во главниот град, да се преземат мерки за поквалитетно греење во зимската сезона со што ќе се спречи согорување на несоодветни материјали кои загадуваат, како и преземање на конкретни чекори од институциите, бизнисот и граѓаните. Исто така секој ќе може да придонесе со свои идеи и предлози за креирање на поквалитетни политики.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com