Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимКако да се справите со прекумерното потење?

Како да се справите со прекумерното потење?

Прекумерното потење е проблем за голем број од луѓето. Причинител не е само топлото време, и намирниците кои ги конзумираме и нашата психичка состојба можат да бидат причина за потење. Еве неколку начини за истото да го сведете на минимум

Избегнувајте лути зачини и кофеин

Доколку сте љубители на зачинета храна и шоља јако кафе сепак размислете уште еднаш. Овие намирници уште повеќе ја стимулираат работата на потните жлезди.

Дезодоранси и антиперспиранти

Дезодорансите не влијаат на процесот на потење, само о го неутрализираат непријатнито мирис. Антиперспирантите, за разлика од дезодорансите го спречуваат потењето, затоа нанесувајте антиперспирант секоја вечер после туширање.

Стресот сведете го на минимум

Кога и да се соочувате со стресна ситуација, обидете се да најдете техника со која ќе го смирите нервниот систем, бидејќи стресот е еден од најголемите причнители за прекумерно потење. Дишете длабоко, обидете се да мислите на нешто убаво што претходно ви се случило во текот на денот. Доколку овие техники не успеваат побарајте помош од лекар

ZNOJ 1

Облека

Секогаш бирајте облека од природни материјали за да се впива  потта. Под облеката  носете поткошула

Одржувајте лична хигиена редовно 

Со редовното туширање ќе ги отстраните бактериите кои се наоѓаат на површината на кожата и со тоа ќе ја спречите појавата на непријатна миризба.