Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимКако да препознаете кој производ е ГМО, а кој органски

Како да препознаете кој производ е ГМО, а кој органски

Знаеме за негативните страни на генетски модифицираната храна и секако дека сакаме да ги избегнеме. Неколку трикови ќе ви помогнат да препознаете кои производи се генетски модифицирани, а кои органски. Секако, прво што е потребно е внимателно да ги читате декларациите.

Второ, ГМО производите се препознаваат по нивниот „совршен“ облик – кај овошјето и зеленчукот на пример. ГМО производите воглавно се со иста големина, сјајни, без дамки. Третиот трик се однесува повторно на декларацијата. Побарајте го бројот на декларацијата, поточно „PLU“ (Product Lookup Number).

Производите кои се означени со петоцифрен број, а почнуваат со број 8 се ГМО. Кај четирицифрените броеви, кои почнуваат со три или четири, се работи за производ кој не е ГМО, но е третиран со хемикалии и пестициди. Најдобри се оние производи чиј PLU број е петоцифрен и почнува со 9. Тоа се органски производи без пестициди и хемикалии.