Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаКако да препознаете дека ви подметнале фалсификувани пари?

Како да препознаете дека ви подметнале фалсификувани пари?

Секоја година се зголемува бројот на откриени фалсификувани банкноти. Доколку некој ви подметне таква банкнота, може да ве вовлече во неволја или барем да ви приреди огромна непријатност. За да не ви се случи тоа, добро е да знаете да препознаете што е фалсификат.

Со оглед на фактот дека во Македонија се фалсификува аматерски, на три едноставни начини можете да препознаете лажни пари. Со допир, преку визуелно набљудување и преку холограмот.

Со допир се утврдува видот и квалитетот на хартијата од кои што се изработени банкнотите, така можеме да ја забележиме посебната структура на хартијата која што се добива со примена на посебна техника на печатење, односно висок нанос на боја. Вистинската банкнота е малку порапава и подебела од фалсификатот. Освен тоа, звукот на превиткување на банкнотата ќе ни звучи невообичаено.
pari1Со визуелното набљудување се проверуваат интегрираните заштитни карактеристики во хартијата, а тоа се водениот печат и сигурносната нишка. Доколку ја набљудувате банкнотата на рамна површина, водениот печат нема да го видите, а заштитната нишка ќе биде испрекината, но ако ја поставите банкнотата наспроти извор на светлина, ќе го видите водениот печат и сигурносната нишка ќе формира една полна линија.
pari500 pari1000Проверка на холограмот. Се работи за металната фолија која што е аплицирана кај банкнотите од 500 и 1000 денари. Фалсификаторите ја аплицираат само фолијата, додека на вистинските банкноти има релјефно втиснат знак. Кај банкнотите од 500 денари ќе видите релјефна обетка, а кај банкнотите од 1000 ќе ја видите картата на Република Македонија и цифрата 1000. Треба само да ја погледнете банкнотата под агол. Оваа сигурносна заштита е вметната во 2003 година.
pari pari 500 pari pari 1000

Не е дозволено преземање на оваа содржина без согласност на редакцијата на Позитив.мк, освен со линк до конкретната страница.