Wednesday, Apr 24, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманКако да ја одберете најдобрата лубеница?

Како да ја одберете најдобрата лубеница?

Лубеницата е како заклучен ковчег – никогаш не знаете што се крие внатре додека не ја отворите. Пазарите и маркетите се преплавени со лубеници во различни големини и сорти, а за да налетате на најсочната и највкусната лубеница следете ги овие правила:

1. Погледнете ја лубеницата добро. Таа што има расекотини и пукнатини треба да се избегнува затоа што можат да влијаат на внатрешноста. Тоа воопшто не е добро во жешките летни денови.

2. Запомнете дека лубеницата со темно зелена боја е зрела лубеница.

3. Кога ќе ја земете лубеницата во раце, ако е потешка во однос на големината што ја поседува значи дека е и позрела. Незрелата лубеница е полесна во однос на својата големина затоа што не собрала доволно вода.

4.  Разгледајте ја страната на лубеницата која лежела на земја додека плодот растел. Тоа е страната со кремасто-жолта боја. Таквата боја на лубеницата е знак за зрела лубеница. Ако површината е бела или светло зелена, тоа значи дека сте избрале незрела лубеница.

Имајте ги на ум овие мали правила кога ќе одите на пазарување и нема да погрешите во изборот.