Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимКако да ја користите климата во автомобилот, а да си го сочувате здравјето

Како да ја користите климата во автомобилот, а да си го сочувате здравјето

Првата работа што ја правиме кога ќе седнеме во кола е уклучување клима. Тоа може многу штетно да се одрази на здравјето. Кога автомобилот го оставаме на сонце, но и на ладовина во него се собира од 400 до 800 mg бензол. Ако сте паркирани на сонце на температура повисока од 16 C нивото на бензол може да стигне од 2000 до 4000 mg, што е за 40 пати повеќе од дозволеното ниво.
klima-ured-avtomobil-5Луѓето влегуваат во автомобилот со затворени прозорци и го вдишуваат бензолот, не знаејќи дека тој е многу штетен за бубрезите, црниот дроб и коскеното ткиво, а освен тоа тој многу тешко се исфрла од организмот. Во прирачникот за автомобилите со клима само пишува дека е препорачливо да се отворат прозорците пред да се запали климата.

Резултатите од медицинското истражување покажуваат дека пред да почне со работа климата во автомобилот го исфрла надвор целиот загреан воздух кој може да предизвика рак. Затоа следен пат кога ќе седнете во автомобилот, дури иако не чуствувате мирис на загреана пластика, прво отворете ги прозорците на неколку минути, а потоа вклучете ја климата и не ги затворајте прозорците уште неколку минути додека работи автомобилот. Создадете си навика да го правите ова редовно.