Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамКако да го одберете идеалниот автомобил во салон

Како да го одберете идеалниот автомобил во салон

Многумина се информираа преку интернет пред да купат нов автомобил, но без оглед на сите спецификации и рецензии не може да добиете конкретна слика за самата „вожња“. Токму затоа треба да направите едно тест возење пред да го купите автомобилот и да ги осетите сите погодности или пак, да ги откриете сите елементи кои нема да ви се допаднат.

bmw 7

Повеќе автомобилски експерти препорачуваат уште во самиот салон да ги наместите ретровизорите, позицијата на седиштето, да ги проверите основните команди на палките и доколку имате можност да договорите однапред определена рута за возење.

На овој начин ќе може да го тестирате автомобилот според вашите потреби и очекувања и ќе може да осетите дали е удобен, дали е доволно моќен за вас и дали ги исполнува безбедносните стандарди. Голема улога игра и дополнителната опрема, па токму тука ќе може да откриете дали се функционира според пропишаното.