HomeДЕНЕШНАПолитикаКако „бомбите“ стигнале до Заев – Што откри СЈО во „Таргет“

Како „бомбите“ стигнале до Заев – Што откри СЈО во „Таргет“

target-sjo

СЈО при откривање на деталите од истрагата „Таргет“ откри и еден интересен податок кој може да биде значаен за судскиот предмет „Пуч“, односно за тоа како нелегално прислушкуваните разговори стигнале до Зоран Заев.

– Ваквите (незаконски, н.з.) дејствија биле забележани од лице вработено во УБК, кој прибавил дел од транскриптите што ги правеле овие осомничени, а воедно прибавил и дел од аудио записите на незаконски следените комуникации. Овие аудио записи и транскрипти лицето вработено во УБК, ги предавало на друго лице, а крајно преку трето лице биле предадени на лидерот на една политичка партија, кој ги предаде на ова јавно обвинителство – посочи обвинителката Фатиме Фетаи.

Во истрагата „Таргет“ осомничени се 10 припадници на УБК меѓу кои и високи функционери и се претпоставува дека биле прислушкувани над 5000 лица од различни профили како политичари, новинари и општествени работници.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com