Thursday, Dec 14, 2017
HomeДЕНЕШНАСкопјеКафулињата да побараат одобрение за зимска опрема

Кафулињата да побараат одобрение за зимска опрема

Град Скопје ги известува сите корисници на јавни површини за вршење на дејност надвор од деловен простор, дека зимската сезона за вршење на дејност надвор од деловен простор и поставување на урбана опрема почнува од 01.11.2015 година до 30.03.2016 година.

Заинтересираните корисници на јавни површини за добивање на Одобрение за вршење на дејност надвор од деловен простор и поставување на урбана опрема во зимската сезона 2015 -2016 своите Барања треба да ги достават во архивата на Град Скопје од 13.10.2015 година до 13.11.2015 година. По завршувањето на овој период Барања нема да се примаат.

По комплетирање на документацијата и доставениот доказ за исполнетите обврски кон Градот и Општините, Град Скопје се обврзува во рок од 5 работни дена да издаде Одобрение за вршење на дејност надвор од деловен простор и Одобрение за поставување на урбана опрема, во согласност со Одлуката за утврдување на стандарди за поставување на времени објекти и урбана опрема на подрачјето на град Скопје (сл. гласник на Град Скопје бр.3/10, 3/11,18/11 и бр. 11/14).