Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноКафич од мраз во жешкиот Кувајт!

Кафич од мраз во жешкиот Кувајт!

„Minus 11 Ice Cafe“, кувајтски локал во кој се е направено од мраз, единствен е по повеќе нешта: тоа е најголемиот „замрзнат кафич“ во светот, единствен од таквата врста во Персискиот залив и запишан е во Гинисовата книга на рекорди! Кафичот е сместен во познатиот во познатата кула „Ал Тијарија“, висока 218.2 метри. Во кафичот се изградени фигури од мраз во облик на коњ, птици, столови, змејови и други украси, а чашите со кои се служат гостите исто така се од мраз.

Kafic-f3

За ова искуство посетителите издвојуваат по 50 долари, сума во која е вклучено и пиењето, дозволено е и фотографирање и допирање на скулптурите од мраз, но посетата е ограничена на 45 минути. „Minus 11 Ice Cafe“ е посебно атрактивен во земја во која владее полупустинска клима.

Kafic-f1

Во текот на летото кога земјата ќе ја зафати тропски бран, просечните температури се движат од 42 до 48 степени, а најниската температура во Кувајт е измерена во 1964 година и изнесува минус шест степени.