HomeАНТИСТРЕСЕкимКафе пред појадок, да или не?

Кафе пред појадок, да или не?

Без разлика дали го сакате со пена или со шеќер, кафето најчесто му претходи на вашиот појадок. Подоцна, во текот на денот, обично се пијат уште неколку шолји без оглед на тоа колку се чести нашите оброци и каква е нивната хранлива вредност.

Кафето пред појадок лошо влијае врз нашето здравје. Тоа не се однесува само на „кофеинскиот шок“ доколку се претера со конзумацијата на овој пијалок.

Истражувањата укажуваат и на штетноста на дејството на овој напиток, доколку го пиеме на празен стомак. Кофеинот го зголемува нивото на солна киселина во нашиот желудник и во дигестивниот тракт.

Доколку кафето го пиеме на празен стомак повремено, оваа навика не мора да биде штетна. Меѓутоа, ако продолжуваме со таа пракса, ризикуваме низа заболувања како што се чир на желудникот, иритација на цревата, а во најлош случај рак на некој од органите за варење.

Исто така, никому не му се потребни грчеви и гасови за време на некој важен бизнис состанок или романтична средба во раните претпладневни часови. За жал, и ова се некои од несаканите појави од конзумацијата на кафе без соодветен оброк.

Затоа, ве советуваме денот да го започнете со сендвич или овошје. Доколку немате време за тоа, додадете малку млеко или путер во кафето, а вашиот стомак ќе ви биде благодарен.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com