HomeДЕНЕШНАПолитикаКадри од Економски обвинети за примање поткуп во „Еразмус“

Кадри од Економски обвинети за примање поткуп во „Еразмус“

Јавното обвинителство поднесе обвиненија за шест лица, меѓу кои професори и персонал од Економскиот факултет при УКИМ кои беа таргетирани во акцијата „Еразмус“ за сомненија за корупција, земање поткуп, изнуда на сексуални услуги од студентки и проневера.

akcija-ekonomski

„Обвинителството ги товари обвинетите врз основа на докази што го потврдуваат основаното сомневање дека во повеќе наврати во подолг временски период, односно во текот на 2015 и 2016 година како лица вработени на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела. Обвинетите Б.Ш и С.Р се товарат за сторено кривично дело – Примање поткуп, лицето Д.Ј. се обвинува дека сторило кривично дело – Примање поткуп и Примање награда за противзаконито влијание. Обвинетите Љ.Ј. и С.Д. се товарат за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување. Со обвинителниот акт се обвинува и лицето Д.Д. за сторени три кривични дела- Давање поткуп“, пишува во соопштението од Јавното обвинителство.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја запре истражната постапка за лицето Т.Ф. ценејќи дека нема докази кои потврдуваат дека осомничениот го сторил кривичното дело.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com