Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометКадетите на Металург ги победија Радовиш

Кадетите на Металург ги победија Радовиш

Во четиринаесетото коло од кадетската лига на Македонија, во Автокоманда гостуваа кадетите на Радовиш, кои на крајот изгубија од Металург, со резултат 20:31 за „сино белите“.

На почетокот силите беа измерени, но тој почеток беше 5 минути, а потоа Металург тргна во офанзива и спроведе серија од дури 7:0, која на стартот го реши и победникот наа оваа средба. Првото полувреме заврши со резултат 17:8, додека во вториот дел се играше нешто посмирено и на крај заврши 31:20 за Металург.