Tuesday, Nov 21, 2017
HomeГИГА БАЈТПЦКаде се кријат најдобрите програмери во светот?

Каде се кријат најдобрите програмери во светот?

pc

Сајтот HackerRank неделава објави анализа која покажува во кои земји се кријат најдобрите програмери на светот. Врз основа на постигнатите резултати, најдобро пласирана е Кина, потоа следат Русија, Полска, Швајцарија, Унгарија и Јапонија. На последните четири места се Тајван, Франција, Чешка и Италија.

И додека САД и Индија на страницата имаат најголем број корисници, во наведената анализа двете земји оствариле забележливо скромен резултат.

Анализирајќи ја брзината и точноста со која корисниците ги решаваат предизвиците, HackerRank ја анализираше работата на 1,5 милион програмери, пишува „Бизнис Инсајдер“. HackerRank е сајт за бесплатно програмирање, што на програмерите им овозможува да ги усовршат своите вештини решавајќи различни предизвици.