HomeДЕНЕШНАЕкономијаКаде се изгубија патниците на Македонски железници, нови возови и стари шини

Каде се изгубија патниците на Македонски железници, нови возови и стари шини

voz-kineski

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика во последното тромесечје за 2016 фрапантно е намален бројот на патници во железничкиот сообраќај за 46,6% во споредба со идентичниот период лани. Во однос на вториот квартал од 2016 година, бројката на превезени патници со воз е намалена за 2,9% во текот на јули-септември 2016 година. Македонски железници-Транспорт во третиот квартал успеала да превезе само 165.000 патници. Од почетокот на годинава до септември со воз на домашни и меѓународни релации патувале 501.000 патници.

Причините за помалиот број на патници може да се бара во укинувањето на дел од железничките линии на стандардните дестинации, како и скратување на возниот ред кој е значително редуциран, па така патниците имаат ограничен избор на превоз со воз. Без оглед што помпезно беа најавувани новите возови и натаму патничкиот железнички сообраќај се одвива на застарени пруги во лоши услови.

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com