Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаКаде не води сегашниот концепт за социјален дијалог во Македонија?

Каде не води сегашниот концепт за социјален дијалог во Македонија?

Во многу истажувања и анкети кои се прават во Македонија во врска со правата на работниците, преовладува ставот на испитаниците дека работниците не се обраќаат кон синдикатите кога имаат проблем на работните места, туку:
– самоиницијативно ангажираат адвокат(к)и,
– се обидуваат да „реагираат“ преку политичките партии,
– се обраќаат до бизнис-моќници или
– не прават ништо

Постојат претпоставки дека (не)довербата во претставниците на работниците можеби се должи на неспроведливоста на законите, неединството и несолидарноста меѓу работници или пак поради меѓусебните препирки од страна на самите синдикати (без разлика дали станува збор за синдикати од иста конфедерација/сојуз или пак од различни асоцијации).

Во четврток (20.04) од 12:05ч во Бизнис салата на Скопски Саем ќе се одржи трибина на која ќе бидат поканети претставници на грански синдикати на кои им е потенцијално прекршено правото на здружување според Конвенциите на МОТ (Меѓународната организација на трудот) кои всушност треба да го унапредуваат социјалниот дијалог меѓу социјалните партнери и самите синдикати.

И Вие како работници сте засегнати, затоа пожелно е Вашето присуство на оваа трибина каде ќе имате можност да ги кажете Вашите проблеми и да слушнете различни гледишта за состојбата на македонскиот работник.