Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаКаде ги потрошија Грците парите за спас на економијата

Каде ги потрошија Грците парите за спас на економијата

Неспособноста на Грција да го врати огромниот надворешен долг ги налути добар дел од европските политичари кои стравуваат од последици како девалвација на еврото и постепен распад на еврозоната бидејќи следни може да бидат Шпанија, Португалија и Ирска. Сигурно и тие се прашуваат што е со финансиската помош која и беше доделена на Грција и дали тие милијарди долари доделени во 2010 за справување со последиците од Светската економска криза направија некаква разлика.

banks greece

Грција тогаш по мачни преговори и речиси граѓанско востание на улиците доби отпишување на дел од долговите кон приватните кредитори, како и 240 милијарди евра за финансирање на политики за еконосмска стабилност. Сепак, парите и не може да се користат на поинаков начин бидејќи долгот кон европските банки изнесува 340 милијарди евра, а парите се враќаа и кон пензиските фондови кои и покрај помошта претрпеа огромни загуби.

eurozone-debt-crisis-By-Carlos-Latuff

Затоа се проценува дека само 10 проценти од финансиската помош Грција успеала да ја искористи за подобрување на економијата и заштита на ранливите категории на граѓани во време на економски шокови. Сега, неможноста да се врати долгот ќе значи излез од или излез од еврозоната, банкрот кој веќе неколку години се прогнозира и поголема економска криза или пак ќе се прифатат суровите мерки за штедење, намалување на плати и пензии и социјални бенефиции што ќе доведат повторно до граѓански револт.